По изјавата на премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски – „Бараме Европа да го признае уникатниот вековен македонски идентитет“, следуваше жестока реакција од бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски, кој со навредлив и омаловажувачки тон го нападна не само Мицкоски, туку и македонската држава, народ и јазик.
„Каков вековен идентитет, бе серсемино? Идентитетот ви е измислен од пијани козаци во Кремљ во 1934 година…“, напиша Џамбаски, нарекувајќи ја македонската држава „измислица од српски партизани и бугарски предавници“, а македонскиот јазик го нарече „скршен бугарски, напишан на српска пишувачка машина“.
Овој негов настап предизвика лавина реакции во македонската јавност.






