Ситуацијата се пожарите е исклучително сериозна, предупреди директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Попладнево огнот зафати и куќи во Кочани.
Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари шума, нискостеблести растенија и лозови насади.
Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. На локализирање на пожарот работат екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочан, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип. Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.











