Пејачката Дара Бубамара повторно го привлече вниманието на јавноста, овојпат со емотивна исповед за своето потекло и животната борба на нејзината мајка. Во гостување на подкастот „WTF“ на едно српско радио, таа искрено проговори за тешките услови во кои пораснала и за скромното семејство од кое потекнува.








