Челси синоќа со импресивен пресврт во Вроцлав го победи Бетис со 4:1 и го освои трофејот во Конференциската лига. „Сините“ сега се единствениот тим со трофеј во сите натпреварувања во организација на УЕФА.


Титулата во Конференциската лига на Челси му донесе и парична награда, кој сепак е мизерна во однос на наградите кои се делат во Лигата на шампионите.
Сезоната во Конференциската лига Челси ја заврши без пораз, со само еден нерешен резултат. Парично, УЕФА на Челси му додели 21,99 милиони евра.
За клуб од Англија, особено за тим што инвестирал толку многу пари во тимот и трансферите, овој награден фонд не претставува практично ништо.
За споредба, Челси заработи речиси иста сума пари со освојувањето на Конференциската лига како и Слован од Братислава само со учество во Лигата на шампионите.
Словачкиот тим не се прослави во елитното европско натпреварување. Во осумте натпревари забележа исто толку порази и заврши претпоследен на табелата само поради „подобрата“ гол-разлика од швајцарски Јанг Бојс. Сепак, заработи речиси исто како и Челси, поточно 21,87 милиони евра.






