Сообраќајна несреќа се случи денеска околу 14:45 часот на крстосницата меѓу булеварите „Партизански одреди“ и „Климент Охридски“, во близина на соборниот храм во центарот на Скопје, информира порталот „Република“.
Во сударот учествувале патничко возило марка „Ауди“ и мотоцикл, при што, според првичните информации, автомобилот со предниот десен дел удрил во моторот. Возачот на мотоциклот бил сериозно повреден и веднаш пренесен со екипа на Брза помош.
На местото на несреќата извршуваат увид полициски екипи, при што затворена е првата сообраќајна лента на булеварот „Партизански одреди“, а сообраќајот на крстосницата моментално се регулира рачно од страна на сообраќаен полицаец.
Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на увидот.






