Вицепремиерот Изет Меџити уверува дека Владата ќе ги стави на располагање сите ресурси, за сите општини, без разлика, да имаат корист од владината финансиска помош.
Во објава на социјалните мрежи вели, тоа се инвестиции во развој и модернизација, за подобар живот на граѓаните.
„Повеќе пари во инфраструктурата, образованието и животната средина за модернизација на Гостивар, Тетово, Липково, Струга, Чаир, Кичево, Куманово, Желино, Сарај, Арачиново, Теарце и за сите други општини од нашата држава.
Владата ќе ги стави на располагање сите потребни ресурси за сите општини успешно да ги искористат финансиските средства за проектите. Заедно ќе успееме, секогаш во корист на граѓаните!“, пишува Меџити.







