Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

КОЊАНОВСКИ: ДЕПОНИЈАТА НЕ Е СРЕДЕ ПЕЛАГОНИЈА, ТУКУ ВО ОКНО КАДЕ НИШТО НЕМОЖЕ ДА ЕГЗИСТИРА

by
2025-05-27
in Uncategorized

Вашиот колега вели дека иако законска можност постои, како одговор на она што Мицкоски го рече што ако Новаци ја спушти рампата, тие тоа нема да го направат бидејќи заедно барате решение. Кои се вашите аргументи да го нема, како што велите, она ѓубре што сега го има, беше прашањето за градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој учествуваше на дебатата за управувањето со отпадот.

„Секако рампата нема да биде спуштена, јас би се вратил кратко хронолошки 2018 година март месец, кога на 10-тата седница на Советот на Општина Битола во кој јас тогаш бев советник и од страната на опозицијата, кога беше друго актуелно мнозинство, заедно сите едногласно повторно изгласавме одлука за формирање на регионална депонија со оглед на тоа дека општината или општините ако сакате посебно, ниту една не е способна сама да управува со отпадот, заради капацитетите кои што ги имаат и заради финансиската конструкција е огромна во делот на издвојување за формирање на современа депонија. И дека е неопходно, владата тогашна, да се делегира надлежност Советот да формира регионален систем за управување со отпад. И тоа едногласно го прифативме сите, знаејќи дека не постои друга солуција ниту кај нас, ниту во Македонија, ниту пошироко во Европа, тие се стандардите, тие се не само препораките, туку физибилити студијата уште тогаш потврдила дека за целиот тој процес се потребни некои 40-тина милиони евра од кои Општина Битола требала да издвои самостојно ако не се лажам 4,5 милиони евра. Не е способна општината ниту тогаш, ниту денеска да издвојува за некаков самостоен систем за управување со отпад и уште тогаш се донела одлука да се формира регионална депонија. Во меѓувреме заради финансиска исплатливост и одржливост, она што го кажав на седницата на Советот минимум 250.000 жители за финансиска одржливост и исплатливост на таков еден систем за управување  на отпад е неопходно здружување на повеќе општини  и тоа секаде во светот постои и јас сум несомнено убеден дека тоа е начинот и дека и најлошото можно решение, не може да постои полошо решение од ѓубриштето кое го имаме во Мегленци“ ни одговори Коњановски.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Ги убедувате граѓаните и можат да ви веруваат дека тоа ќе биде онакака како што е планирано, како што се вели европски?

„Апсолутно, тоа е системот, тоа се препораките, повторно велам тука се вклучени релевантни институции, Европската банка за обнова и развој, па таа под надзор на „Бенквоч“ која што директно ги надгледува тие процеси, никој не би дал толкави средства за нешто да не може да се реализира онака по строгите критерериуми како што треба. Локацијата е одбрана, таа што е одбрана заради самата позиција, заради девастираното подрачје на едно од окната на рудникот, површината каде што се вршел ископ, каде што таму ништо друго неможи, ниту е на сред Пелагонија, ниту пак таму нешто друго може да егзистира. Со една заштитна подлога од глина, од половина метар до метар, со посебни фолии, подлоги кои што ќе го заштитуваат, со пречистителна станица исклучиво наменета за таа депонија. Затоа велам дека депонијата е само еден систем од управувањето со отпад. Тука почнува од нас приказната или системот кој што треба да го градиме, со селектирањето на отпад, со организираниот транспорт кој ќе биде многу посовремен од сега што е, со претоварни станици, кои Битола нема да ги има. Да напоменам уште еднаш, ѓубрето нема да се движи низ Битола, постои заобиколница и Владата одвои средства за посебен дополнителен пат од оној што е за Новаци, исклучиво наменет за депонијата. Истото ќе го добие и Ресен како отпадот не би минувал низ градот“ вели Коњановски.

Дали ја имате поддршката од СДСМ како опозициска партија, бидејќи пред малку се навратите во 2018 години кога тие беа локална власт?.

„Па нема да е нескромно ако кажам апсолутно, зошто тие, поддршката заедно сме во овој процес сите. Поддршката апсолутно треба да биде од сите, дури и од граѓаните. Гледам дека ова целото, со оглед на тоа дека сме само шест или колку месеци пред изборите, темата се подигнува и политички и дека се надоврзуваат дел од граѓаните, дел од иницијативи. Знаете на почетокот не се знаеше, а не знам ни сега дали се знае кое е телото кое што ги организира протестите. Еве се удоволи една од одлуките да имаат и нивни членови. Ништо не е спорно. Овој процес не е таен, овој процес не може да биде таен. Јас ја разбирам загриженоста на граѓаните, можеби малку потранспарентно требаше, ама не е тоа од некаква негрижа за граѓаните и дека тоа нешто тајно под маса ќе се протне. Процесот трае долго време, пред 2018 година и ќе трае и во наредните години, тоа нема од утре да започне, треба целосна подготовка тоа да се направи онака како што треба“ рече градоначалникот на Битола.

Previous Post

Огромна печурка на небото: Страшна експлозија во Кина, се стравува од отровни гасови

Next Post

Какво лето не очекува? Временска прогноза за јуни, јули и август

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Какво лето не очекува? Временска прогноза за јуни, јули и август

Какво лето не очекува? Временска прогноза за јуни, јули и август

Recommended

Администрацијата на Трамп го скрати буџетот на НАСА, отпуштени 550 стручни лица

2 months ago
Хамас подготвен за нови разговори за примирје во Појасот Газа

Хамас подготвен за нови разговори за примирје во Појасот Газа

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.