Денеска започнаа сослушувањата на законските застапници на сите жртви од трагичниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“, соопшти Јавното обвинителство.
Според институцијата, сослушувањата се одвиваат согласно утврдениот распоред и предвидената динамика, во надлежните обвинителства во Кочани, Штип и Скопје. Распоредот е договорен во координација со семејствата на жртвите и во соработка со граѓанската организација „Support Kocani“.
Од Обвинителството додаваат дека постапката продолжува со целосна посветеност и во насока на обезбедување на правда за настраданите и нивните најблиски.






