Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Четири училишта добиваат паметен систем за енергетско управување – потпишан Меморандум меѓу Министерството за енергетика, Телеком и основни училишта во Скопје

by
2025-05-27
in Uncategorized

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денес потпиша Меморандум за соработка со четири основни училишта од Скопје и со Македонски Телеком, со што започнува реализацијата на иницијатива за поефикасно користење на електричната енергија и за унапредување на енергетската свесност во образовниот систем.

„Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме и идните граѓани и идните професионалци. Преку вакви конкретни чекори, ја пренесуваме пораката дека секоја институција, па и секој поединец, има улога во одржливото управување со енергијата. Истовремено, со ваквите проекти ги учиме младите генерации на свесност, одговорност и рационално користење на енергијата – вредности коишто се суштински за иднината што ја градиме заедно.“, истакна министерката Сања Божиновска.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Станува збор за прв чекор во воведувањето паметно следење и управување со потрошувачката на електрична енергија во јавните институции, почнувајќи од основните училишта „Мирче Ацев“ (Ѓорче Петров), „Исмаил Ќемали“ (Чаир), „Кирил Пејчиновиќ“ (Кисела Вода) и „Лазо Ангеловски“ (Аеродром). Во овие училишта ќе биде инсталирана донација од Македонски Телеком – напредно решение за паметно мерење и управување со електричната енергија (Smart Energy Metering and Management – SEMM). Решението ќе им овозможи на училиштата да имаат подобар увид и контрола врз енергетските трошоци и ќе поттикне поодговорно користење на ресурсите.

Од училиштата го поздравија партнерството со министерството и ја истакнаа важноста на ваквите проекти за нивното секојдневно функционирање.

„Ова не е само техничко решение, туку алатка што ни помага како институции да бидеме поефикасни, поодговорни и да ја вклучиме енергетската свест во воспитно-образовниот процес“, порачаа директорите на четирите училишта во заедничка изјава.

Решението SEMM е целосно развиено од Македонски Телеком. Системот овозможува училиштата во реално време да следат како и колку трошат, со што полесно ќе се идентификуваат можностите за намалување на непотребната потрошувачка и за подобрување на енергетската ефикасност.

„Особено ми е драго што сме дел од овој проект за енергетска ефикасност, со донација на наше паметно решение во четири училишта во Скопје. Во ерата на поврзани технологии, нашата цел не е само  да придонесеме за дигитализација, туку и за поздрава животна средина, во овој случај преку намалување на потрошувачката на електрична енергија. Соработката со Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и училиштата е многу важна, затоа што само преку вакви партнерства се креираат долгорочни и темелни решенија“. – изјави Никола Љушев, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

„Се надеваме дека сè повеќе компании ќе го следат овој пример и ќе се вклучат во решенија коишто ќе им помогнат на овие институции полесно и поефикасно да се справуваат со потрошувачката и трошоците за електрична енергија.“, истакна Божиновска.

„Компаниите не треба да бидат само технолошки иновативни – од нив очекуваме и вистинска општествена одговорност. Денес, кога сите се соочуваме со енергетски предизвици, особено е важно приватниот сектор да вложува и да помага таму каде што е најпотребно – во јавните институции како училиштата и болниците.“,заклучи Божиновска.

Previous Post

Детали за пукањето вчера во Тетово

Next Post

Полицијата уапси возач во пробиштипско: Управувал возило со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Полицијата уапси возач во пробиштипско: Управувал возило со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

Полицијата уапси возач во пробиштипско: Управувал возило со 101 км/час на место каде е дозволено 40 км/час

Recommended

Италија подготвена да испрати војска во Појасот Газа

Италија подготвена да испрати војска во Појасот Газа

2 months ago

Славески: Решен акутен проблем со јавниот автобуски превоз во Скопје

1 year ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.