Италија е подготвена да испрати воени сили во Појасот Газа како дел од меѓународните стабилизациски трупи предвидени во планот на Доналд Трамп, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани на владин самит за реконструкција, пренесува агенцијата АНСА.
Тајани повика на „единство меѓу сите политички сили во италијанскиот парламент“ околу остварувањето на заедничките цели.
Левичарските партии, вклучително и Демократската партија (PD) и Движењето Пет Ѕвезди (M5S), изразија подготвеност да разговараат за можноста за учество на Италија во мировната мисија.
„Италија може да има важна улога во зачувувањето на мирот преку нашата војска“, соопштија од Движењето Пет Ѕвезди.






