Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, според проценките на украинските разузнавачки служби, рускиот претседател Владимир Путин и неговиот најблизок круг не покажуваат никаква намера да ја прекинат војната против Украина.
Во своето видео-обраќање, Зеленски посочи дека доверливи извори и разузнавачки информации потврдуваат отсуство на подготвеност за мир од страна на Москва.
„Во моментот, нема никакви индикации дека сериозно се размислува за мир или дипломатски решенија. Напротив, постојат бројни докази дека Русија се подготвува за нови офанзиви. Тоа укажува на намера за продолжена војна“, изјави Зеленски, пренесува „Укринформ“.
Тој додаде дека ваквиот пристап од Русија претставува директно игнорирање на напорите на меѓународната заедница која се залага за мир и дипломатско решение на конфликтот.






