Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не го организирала државниот удар во Киев во 2014 година, нагласувајќи дека Русија била принудена да реагира на настаните во Украина.
„Ние не сме тие што го извршија државниот удар. Сите постојано зборуваа за избори и демократија, но на крајот беше спроведен крвав државен удар. Тоа едноставно беше прифатено како нешто нормално“, рече Путин на средба со претставници од бизнис заедницата.
Тој додаде дека, по промената на власта во Киев, следувале репресии врз цивилното население во Донбас, што ја натерало Русија да преземе конкретни чекори.
„Нè натераа да реагираме. Сега се обидуваат да нè обвинат за сè што се случува“, изјави рускиот претседател.
Во своето обраќање по повод Денот на претприемништвото, Путин исто така истакна дека, и покрај сложените услови во последните две години, руската економија забележала стабилен и забрзан раст.






