Во гостување на националната телевизија БНТ Захариева вели дека „за жал, не е изненадена од тоа“.
„Македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва. За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во РС Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање, како и за темата за односите со Бугарија. Тие се исклучително блиски со Белград“, изјави Захариева.
За отворањето српски културен центар таа не сака да коментира, бидејќи како што вели, РСМ е суверена држава и може да си одлучува сама, но тоа го смета за провокација против Бугарија, а „ваквите постапки се доказ за приближувањето кон Србија“.
Овој коментар на Захариева следува по изјавата на македонскиот премиер Зоран Заев дека наставата по српски јазик ќе биде вратена во основните училишта во РС Македонија.







