„Зоолошката градина е најбезбедно место и голем дел од постетителите носат маски. Но, од вторник ќе мора сите да носат, во спротивно ќе ја затворам Зоолошката за посетители. Вработените постојано ги едуцираат посетителите да носат маски и да држат растојание, а поставени се и информативни табли. Ќе преземеме и други мерки така што ќе ангажираме дополнителни редарски служби од агенциско обезбедување. Јас како директор нема да дозволам ниедно дете, родител или вработен да биде заразен во Зоолошката градина“, вели директорот Ѓорѓи Галетановски.
Во март поради еподемијата на ковид-19 Зоолошката градина беше затворена и не работеше два месеци. Повторно беше отворена за посетители во мај. Веднаш штом почна со работа беше отворено новото живеалиште на фламингата. Во градината во моментов се гради живеалиштето за пингвините, како и Дино паркот пак кој требаше да биде отворен летово, но поради состојбата со коронавирусот ќе биде пуштен во употреба напролет.






