Секоја чест за водителката Сузана Турунџиева, која долго време и помага на семејството на Атиџе Муратова. Таа денеска во уште една хумана акција му помогна на братот на Атиџе, Феим кој по операцијата на видот прогледа, откако видод му беше сосема онеспособен долго време.
Те гледам Атиџе, ее сега те гледам! – беа зборовите на Феим – братот на Атиџе после операцијата која денеска му ја направи др.Наум Трпеноски, при која повторно му го вклучи светлото и му го врати видот кој целосно му беше онеспособен…
Огромна благодарност до др.Трпеноски и целиот тим на Промедика Офталмологија затоа што им го враќате видот и можноста на луѓето да живеат нормално и спокојно“ – напиша Турунџиева на својот Инстаграм профил.
Таа објави слика со Атиџе и нејзниот брат, по обавената операција од страна на д-р. Наум Трпеноски, очен хигург, кој очигледно бил дел од оваа хумана акција.
Браво за хуманоста на Турунџиева и доктор Наум, кои донесоа нова радост во семејството на Атиџе Муратова, хероината од Медена земја, добро е да се знае дека сепак некој не ја заборави Атиџе.







