Македонија ја тресе скандалот од групата „Јавна Соба“ на Телеграм, а сведоштвото на младата Ана од Кавадарци која била жртва на оваа група предизвика бура реакции.
Меѓу многуте кои ѝ дадоа поддршка за потегот е и психологот Ана Попризова.
Ана, училишен психолог и гешталт терапевт, на својот Фејсбук профил напиша:
„По ова што се покажува од содржините во Јавна соба, сакам да ги информирам сите жртви средношколки дека можат да ми се обратат за психолошка помош.
Ќе направиме мрежа на поддршка!
Ве молам споделете“, напиша психологот на Фејсбук.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







