Путин: Папата Франциск беше извонредна личност, ќе го паметам со најголема почит
Рускиот претседател Владимир Путин изрази длабоко сочувство по повод смртта на папата Франциск, истакнувајќи дека меѓу нив постоело взаемно почитување и разбирање.
„Претседателот испрати телеграма со сочувство. Тие имаа повеќекратни средби и секогаш се однесуваа еден кон друг со голема почит,“ изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Во телеграмата до кардинал Кевин Фарел, Путин го нарече папата Франциск „извонреден човек“, со кого имал чест лично да разговара повеќе пати.
„Ќе ги чувам најсветлите спомени од нашите средби. Во овие тажни мигови, испраќам искрено сочувство и поддршка до вас и до целото католичко свештенство,“ стои во пораката.
Путин дополнително нагласи дека папата Франциск дал значаен придонес во развојот на дијалогот меѓу Руската православна и Римокатоличката црква, како и во унапредувањето на конструктивната соработка меѓу Русија и Светиот Престол.






