На 20.05.2025 во 17.10 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Е.М.(34) од Прилеп поради сомнение дека околу 16.30 часот на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово одзел патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.К.(26) од с.Брвеница, тетовско. Тој е задржан во полициска станица, а возилото е вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







