Помош со исплата на минимална плата ќе има – но не за сите. Владата ќе одреди кои сектори биле најпогодени од пандемијата и нив ќе им додели државна помош, брифираат владини извори за Сител.
На тој начин ќе се спречи злоупотребата со државни пари и ќе ја добијат само тие што навистина им треба. Веќе се крои петти сет мерки, кој на стопанствениците и синдикатот ќе им биде соопштен во петок.
Од кабинетот на вицепремиерот Битиќи и министерот за економија Бектеши велат дека и со новиот пакет ќе се залагаат за спас на секое работно место и помош на најпогодените граѓани.
Но нема да изостануваат и мерките за заздравување и раст на домашната економија.







