Борбен авион Ф/А-18 Супер Хорнет на американската морнарица исчезна во море откако падна од носачот на авиони Хари С. Труман, соопшти морнарицата.
Функционер соопшти дека првите извештаи од местото на настанот укажуваат дека бродот направил остар маневарза да избегне напад на Хутите, и тоа придонело авионот да падне во морето. Јеменските бунтовници Хути вчера ја презедоа одговорноста за нападот со беспилотни летала и ракети врз носач на авиони во Црвеното Море, како дел од големата американска воена операција против групата поддржана од Иран.
Морнарицата потврди дека сите членови на екипажот на бродот се безбедни и дека еден морнар е полесно повреден.
„Ф/А-18Е беше во процес на влечење до хангарот кога екипажот во движење ја изгуби контролата врз леталото. И леталото и влечното возило паднаа во морето. Морнарите што го влечеа леталото веднаш реагираа и се засолнаа пред леталото да падне во морето. Истрагата е во тек“, се вели во соопштението.
Друг американски функционер изјави за Си-Ен-Ен дека авионот потонал. Според морнарицата, еден F/A-18 Super Hornet вреди повеќе од 60 милиони долари.







