Овен
Вашата упорност повторно доаѓа до израз. Ако професионалниот успех ви е приоритет – ве очекуваат резултати. Меѓутоа, можни се недоразбирања со партнерот поради различни ставови. Здравствено, внимавајте на главоболки.
Бик
Време е да свртите нова страница на деловен план – не се потпирајте премногу на минатото. Иако носи важни поуки, иднината бара нови пристапи. Избегнувајте штетни навики и пороци.
Близнаци
Финансиската стабилност ви е разнишана, а тоа предизвикува фрустрации. Не сте подготвени за емоционални ризици, иако партнерот очекува сериозност. Пазете на крвниот притисок и циркулацијата.
Рак
Пред вас е позитивна прилика за нова професионална насока. Љубовниот живот исто така добива потенцијал – ако сте запознале некој нов, следете го инстинктот. Внимавајте на исхраната – можно зголемување на холестеролот.
Лав
Денешниот ден носи одредени предизвици и притисоци на работното место. Во емотивниот живот, дистанцата со саканата личност може да ви донесе разочарување. Можно е намалување на имунитетот.
Девица
Во период сте на адаптација – новите работни услови бараат повеќе флексибилност. Во бракот или врската постои оддалеченост, а кризата може да потрае. Можна е појава на алергии.
Вага
Јасно сте решени околу својата деловна одлука и не дозволувате никој да влијае врз вашето мислење. Во љубовта, засега чувствата не ви се возвратени, но не губете надеж. Болки во стомакот се можни.
Шкорпија
Започнува фаза на решавање важни деловни прашања. Емоционалниот живот ви е стабилен – посебно ако сте во брак. Уживате во хармонија и силна енергија.
Стрелец
Се соочувате со нови предизвици, а старите сѐ уште не се завршени. Работата ве оптоварува. Љубовен поттик ќе дојде од другата страна – подгответе се за романтична иницијатива. Пазете на срцето.
Јарец
Внимавајте на деловните партнери – некој може да ви наштети со неодговорни постапки. Но, денот ви носи и ново познанство што би можело драстично да ви го промени животот. Проблеми со кожата.
Водолија
Ако водите сопствен бизнис, денешниот ден ви е наклонет. Разговор со саканата личност ќе ви помогне да разјасните во кој правец се движи вашата врска. Внимавајте на варењето.
Риби
Работите конечно се движат во позитивен правец. На љубовен план, ако сте сигурни во чувствата – време е за следен чекор. Можеби дури и за предлог за брак. Здравствено, сте во одлична форма.





![[ФОТО] Снајперисти од хеликоптер убиваат коали во Австралија, досега убиени над 700 единки](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-21-010113.png)
