Вечерашниот настап во Мелбурн се претвори во вистински македонски спектакл. Македонски песни, ора и неуморна енергија ја исполнија салата, која беше преполна со публика од сите генерации. Веселата атмосфера и заедништвото меѓу иселениците уште еднаш потврдија дека љубовта кон татковината не избледува, без разлика на далечината.

Најголемите овации вечерва ги доби Спасен Силјановски, кој важи за најпопуларниот македонски пејач меѓу македонската дијаспора. Со неговите хитови и препознатлива емоција, тој ги обедини сите присутни во едно срце – македонско. Настанот заврши со долги аплаузи и ветување за нова средба наскоро.






