Двегодишно момченцe паднало од 15-от кат на облакодер во близина на американската престолнина Вашингтон, и преживеало, објавија американските медиуми.
Падот од балконот на станот наводно бил ублажен од грмушки на теренот под зградата, според портпаролот на локалната противпожарна служба во округот Монтгомери, во сојизната држава Мериленд.
Покрај тоа, станува збор и за тоа што е тоа многу мало момченце, што веројатно помогнало, изјави портпаролот на телевизиската станица ABC.
„Неговата возраст, големина и тежина се она што навистина помогна, бидејќи ако беше потежок, можеби немаше да преживее… Мислам дека тоа беше комбинација од таа грмушка што беше таму, таа грмушка и неговата големина и тежина“, рече портпаролот на противпожарната служба.
Сè уште е нејасно како се случила несреќата.







