Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на нова турска инвестиција во ТИРЗ Скопје
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на свеченоста по повод поставувањето на камен-темелникот на новата фабрика на турската компанија „Шахтерм“ во Технолошко-индустриската развојна зона (ТИРЗ) Скопје.
Според договорот што го потпишаа ТИРЗ и „Шахтерм“, вкупната вредност на инвестицијата изнесува 100 милиони евра. Проектот предвидува изградба на производствен објект со површина од над 13.000 квадратни метри, како и отворање на 1.000 нови работни места.
Освен производствените капацитети, инвестицијата опфаќа и модерен центар за истражување и развој, со што ќе се поттикне технолошкиот напредок и трансфер на знаење во земјата.







