Дизелот поскапува за два денари, бензините остануваат со иста цена
Од ноќеска на полноќ, цената на дизел горивото ќе се зголеми за два денари по литар, додека бензините остануваат со непроменета цена, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Според најновата одлука на РКЕ, која стапува во сила на 16 мај 2025 година од 00:01 часот, новите максимални малопродажни цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
ЕУРОСУПЕР БС – 95: 73,50 денари/литар
ЕУРОСУПЕР БС – 98: 75,50 денари/литар
ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 66,50 денари/литар (зголемување од 2 денари)
Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1): 65,00 денари/литар
Мазут М-1 НС: 36,529 денари/килограм (зголемување од 1,079 денари/кг)
Од РКЕ информираат дека цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и БС-98, како и на екстра лесното масло за домаќинство, остануваат непроменети.
Одлуката е донесена согласно методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати, врз основа на движењата на берзанските цени и курсот на денарот во однос на доларот.







