Конфликтот меѓу Мбапе и ПСЖ продолжува: Напаѓачот бара 55 милиони евра, а клубот го тужи за 98 милиони
Во новиот развој на настаните, конфликтот помеѓу францускиот напаѓач Килијан Мбапе и ПСЖ продолжува, откако Мбапе го напушти клубот и побара од парижаните да му исплатат 55 милиони евра поради неисплатени плати и бонуси.
Парижани, сепак, одбиле да ја исплатат побараната сума, по што клубот реши да го тужи Мбапе, барајќи отштета од 98 милиони евра. Според адвокатите на ПСЖ, напаѓачот не доставил доволно докази за своите побарувања, а сумата која ја побарал не била оправдана. Клубот смета дека Мбапе ги оштетил имиџот и финансиските интереси на клубот.
Мбапе го напушти ПСЖ во 2024 година, по завршувањето на неговиот договор, а потоа потпиша за Реал Мадрид.







