Љубовна среќа што им измина: Овие два хороскопски знака најчесто се разочарани во љубовта
Иако некои луѓе лесно наоѓаат љубов и градат стабилни емотивни врски, за други љубовниот живот изгледа како постојана низа на разочарувања. Без разлика дали причината лежи во погрешен избор на партнери, лични стравови или длабоки несигурности, според астрологијата постојат два хороскопски знака на кои среќата во љубовта често им се измолкнува – колку и да се трудат.
Риби
Рибите се длабоко емотивни и сакаат со цело срце, но токму таа искреност и чувствителност ги прави ранливи и склони кон погрешни избори во љубовта. Идеализираат и партнери и љубовни сценарија, па честопати не ги препознаваат предупредувачките знаци сè додека не бидат повредени. Спремни се да даваат и простуваат без граници, надевајќи се дека љубовта ќе промени сè.
Но кога реалноста не ги исполнува нивните високи очекувања, често се чувствуваат предадени и се повлекуваат во себе. Склоноста кон жртвување и желбата да спасат некого, дури и по цена на сопствената среќа, ги прави склони кон длабоки емоционални повреди. Иако можат да понудат исклучителна, нежна и посветена љубов, токму нивната потреба за идеална љубов ги оддалечува од реалноста – и често од вистинската среќа.
Рак
Раковите копнеат по стабилност, нежност и емоционална блискост. Но, нивната силна потреба за припадност ги води кон преголема и прерана поврзаност со партнери кои не секогаш се вистинскиот избор. Во страв од осаменост, понекогаш се втурнуваат во врски само за да не бидат сами, дури и кога срцето им сигнализира поинаку.
Кога не ја добиваат истата љубов што ја даваат, тие се повлекуваат во тишина, доживувајќи ја болката длабоко во себе. Ракот е еден од најверните знаци во Зодијакот, па токму затоа често останува во врски кои одамна ја изгубиле смислата – надевајќи се на подобро. Нивната чувствителна природа лесно ги прави мета на емоционална манипулација, а кога еднаш ќе изгубат доверба, тешко ја враќаат.
Иако се способни за голема љубов и посветеност, често се чувствуваат недоволно сакани. Љубовта за нив е сè – но токму поради тоа, таа најчесто им носи и најголема болка.







