Во пожар што избувнал на улицата „4 Јули“ во Кичево, животот го загубила 72-годишна жена со иницијали З.С. од истиот град.
Жената починала на самото место од здобиените повреди предизвикани од пожарот, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Извршен е увид на местото на настанот, а телото на починатата е предадено на обдукција.







