Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Димитриеска-Кочоска: Македонија се наоѓа на пресвртница

by
2025-05-07
in Uncategorized

Македонија се наоѓа на пресвртница – соочена со предизвици дома, но и со перспектива за членство во ЕУ. Реформската агенда 2024-2027 година, којашто е поддржана од Европската комисија, е јасен пат за трансформација на економијата и општеството кој содржи конкретни реформски критериуми и резултати. Реформи коишто ќе ги спроведуваме не само заради членство во ЕУ, туку пред се заради сопствените граѓани – за подобар животен стандард, поквалитетни услуги и стабилна економска иднина. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која учествуваше на панел дискусија на тема „Каде сме и каде сакаме да бидеме? Предизвиците дома и во Европа – пат до успешна иднина“ на 28. Евроазиски економски самит во Истанбул.

„Последните неколку години беа обележани со преклопувачки кризи – пандемијата, енергетската криза, ценовни шокови – кои бараа силна фискална реакција. Владата презеде мерки за заштита на граѓаните и економијата, што доведе до зголемени буџетски трошоци. Сега, кога најтешкото е зад нас, приоритет ни е фискалната консолидација, односно постепено намалување на дефицитот и задолженоста, за да се осигура долгорочна одржливост. Целта е да не дозволиме долговите да ја загрозат стабилноста на економијата, ниту пак идните генерации да се соочат со несразмерен товар. Притоа, важно е фискалната консолидација да биде спроведена на паметен начин – со контрола главно на тековните трошења, но не и на сметка на капиталните инвестиции кои поттикнуваат раст“, рече Димитриеска-Кочоска.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Истакнувајќи  дека меѓународните партнери ги препознаваат напорите коишто ги вложува Владата министерката наведе дека  Меѓународниот монетарен фонд во својата последна мисија ја препозна желбата за борба на намалување на неформалната економија. Исто така, додаде  дека веќе се гледаат првични ефекти – стапките на наплата на одредени даноци постепено растат оваа година, а во делот на царинските приходи, рече дека фокусот е  на сузбивање на шверцот и зајакнување на царинската контрола, особено на акцизните стоки.

На панел дискусијата потенцира дека стратешка цел е полноправно членство во ЕУ и дека земјата се стреми кон постигнување на европски стандарди.  „Министерството за финансии, заедно со останатите ресори во Владата, е целосно посветено на унапредување на стандардите согласно ЕУ критериумите и затворање на поглавјата  во преговарачкиот процес со успех. Сите реформи се во срцето на пристапните критериуми. Одиме по правиот пат, но треба да одиме побрзо и поодлучно. Добрата вест е што ниту во една сфера не сме „заглавени“ – насекаде имаме план и активности кои се во тек, за адресирање на препораките“, посочи министерката Димитриеска-Кочоска.

Таа порача дека визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани и дека очекува тоа да се достигне побрзо со  посветеност, компетентност и единство околу стратешките цели.

Министерката за финансии беше дел и од Свеченото отворање на  Самитот, каде што порача дека со заеднички идеи, иницијативи и соработка може да се надминат предизвиците пред кои сме исправени. При тоа потенцира дека меѓусебната поддршка е многу значајна и дека Македонија и Турција негуваат пријателски односи.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, претходно во Анкара оствари средби со министрите за трезор и финансии и за трговија, Мехмет Шимшек и Омер Болат.

Previous Post

Прва помош при срцев удар: Кардиолог открива две клучни работи кои можат да спасат живот

Next Post

Европа му зададе жесток удар на Путин: Ова се случува за прв пат

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Европа му зададе жесток удар на Путин: Ова се случува за прв пат

Европа му зададе жесток удар на Путин: Ова се случува за прв пат

Recommended

Ескалација на тензиите: Хутите се закануваат дека ќе напаѓаат цивилни авиони

Ескалација на тензиите: Хутите се закануваат дека ќе напаѓаат цивилни авиони

6 months ago
Фросина Ременски: Послушај Русковска, да ти кажам словото

Фросина Ременски: Послушај Русковска, да ти кажам словото

3 years ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.