Според соопштението на СВР Тетово, момчето успеало да им побегне, но Џ.Д. потоа извадил пиштол и му се заканувал.
Жена од тетовско Џепчиште пријавила дека двајца мажи го внеле нејзиниот малолетен син во „бмв х5“, го нападнале со метален предмет и откако момчето успеало да побегне од возилото му извадиле пиштол и му се заканувале, информираше Министерството за внатрешни работи.
Ноќта меѓу недела и понеделник, околу 23 часот и потоа по 1 часот по полноќ, полицијата од Тетово ги привела 56-годишниот Џ.Д. и 52-годишниот Л.Д., се вели во полицискиот билтен.
Според соопштението на СВР Тетово, момчето успеало да им побегне, но Џ.Д. потоа извадил пиштол и му се заканувал.
Истите лица, според полицијата, ги пријавил и 24-годишен Тетовец. Рекол дека го внеле во истото возило против негова волја, го претепале и барале да им покаже кои се лицата што, наводно, ѝ земале пари на ќерката на Џ.Д.
Приведените останале во станица. По целосно расчистување на случајот, ќе им биде поднесена кривична пријава.







