Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сега не е вистинскиот момент за враќање на Русија во Г7.
Оваа негова изјава е спротивна на неговиот став од февруари, кога рече дека исклучувањето на Русија од групата било грешка и изрази поддршка за нејзино повторно приклучување.
Трамп тогаш додаде дека можеби немало ни да дојде до војната меѓу Русија и Украина доколку сè уште постоеше форматот Г8. Сепак, не спомена дека Русија беше исклучена од Г8 и групата се врати во форматот Г7 поради анексијата на Крим во 2014 година.







