Денес во 00.10 часот на паркинг во меѓупросторот на Граничен премин Богородица, полицијата го уапсила 55-годишниот Н.М. од Грција. Тој бил затекнат како во патничко возило „ауди а6“ со германски национални ознаки става поголема количина цигари.
„При контрола на возилото било констатирано дека регистарските таблички биле одјавени и припаѓале на друго возило, додека во возилото биле пронајдени 276 штеки различни видови цигари и 20 пакувања тутун без документација. Инаку, во претходниот период, во содејство со Царинската управа се преземени оперативни мерки и е констатирано дека возилото се користи за криумчарење на акцизна стока“, велат од МВР.






