Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Новиот Закон за енергетика не е само обврска – тој е тест за зрелоста на институциите

by
2025-05-04
in Uncategorized

Новиот Закон за енергетика носи повеќе од правно усогласување со ЕУ-директиви. Според проф. д-р Александра Крколева-Матеска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), овој закон е важен чекор што ќе ја дефинира енергетската иднина на државата, но и тест за капацитетите на институциите, пазарот и општеството. Во интервјуто таа објаснува зошто законот треба да се гледа како алатка за трансформација, а не како формалност, што ќе значи за потрошувачите, кои се новите механизми за заштита и флексибилност, како и кои се условите за реална дигитализација и иновација во енергетскиот сектор.

–  Кои се причините за подготовка на нов Закон за енергетика?

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Како потписничка на Договорот за Енергетска заедница, нашата земја има обврска да ја транспонира правната рамка на Енергетската заедница во националното законодавство. Всушност, станува збор за транспонирање на правната рамка на Европската унија со извесно временско одложување во сите земји кои се дел од Енергетската заедница, вклучувајќи ја и Македонија. Со исполнување на оваа обврска се овозможуваат континуирани реформи во секторот и усогласување со европската правна рамка. До сега во нашето законодавство се транспонирани  Вториот и Третиот пакет на законодавство за пазарите на електрична енергија и природен гас, а со новиот закон, треба да се транспонира и имплементира и последниот пакет законодавство, познат како Чиста енергија за сите Европејци. Овој пакет во Европската Унија е усвоен во 2019 година, а со Одлука на Министерскиот совет на Енергетската заедница од 2021 година, директивите и регулативите од овој пакет треба да се усвојуваат и во договорните страни на Енергетската заедница. Во согласност со оваа одлука започна процесот на подготовка на нов Закон за енергетика. Важно е да се напомене дека донесувањето на нов Закон за енергетика, а потоа и потребните подзаконски акти, претставуваат основни чекори, кои потоа треба да продолжат со систематска и целосна имплементација на донесените акти, што значи повеќе од само формално усогласување со барањата од пакетот Чиста енергија за сите Европејци. Во овој контекст, клучна е улогата на институциите, но и сите засегнати страни и нивната зрелост и подготвеност да се справат со овие предизвици.

–  Што можат да очекуваат потрошувачите по донесувањето на овој Закон?

Во предлог Законот се унапредува заштитата на ранливите потрошувачи, категорија која е воведена со Законот од 2018 година. Станува збор за мерки за граѓаните кои се погодени од енергетска сиромаштија, односно: доделување надоместок вон цената за снабдување за обезбедување на минималните потреби од енергија, замена на постојни и набавка на нови енергетски ефикасни уреди, мерки за подобрување на енергетските карактеристики на објектите, како и други нефинансиски мерки. Примената на овие мерки треба да се осигура со донесување на годишна програма за заштита на ранливи потрошувачи во која се дефинираат категориите на потрошувачи кои се сметаат за ранливи, како и начинот на спроведување на мерките. Важно е овие мерки на долг рок да придонесат за намалување на бројот на граѓани кои се погодени од енергетска сиромаштија. Исто така, многу важно е што мерките не треба да ја нарушат конкуренцијата и да влијаат врз пазарите на електрична енергија.

И понатаму важи начелото секој потрошувач да има право да го избере својот снабдувач, а рокот за промена на снабдувач треба да се изврши за најмногу 48 часа, што е значително скратување на времето во споредба со досегашните практики. За домаќинствата и малите потрошувачи промената треба да се врши без трошоци. 

Во овој контекст значајни се и обврските за справување со ризиците во работата на електроенергетските системи, особено имајќи ги предвид зачестените појави на временски и други непогоди или пак кибер нападите. Сите тие претставуваат сериозна закана за електроенергетските системи и можат да го доведат во прашање снабдувањето со електрична енергија. Предлог Законот предвидува транспонирање на одредбите од Регулативата (ЕУ) 2019/941 за подготвеност за совладување на ризиците во електроенергетскиот сектор, што треба да ги зголеми капацитетите на електроенергетските претпријатија да се справат со овие ризици.

–  Во земјава веќе функционира организиран пазар на електрична енергија, но кои се новините што се предвидуваат со предлог Законот?

Пазарот на електрична енергија функционира подолг период, а организираниот пазар започна со работа по оформувањето на Операторот на организиран пазар – МЕМО. Во предлог Законот се содржани повеќе одредби кои треба да создадат услови за спојување на пазарот на електрична енергија за ден однапред со пазарите од регионот, а понатаму, откако ќе се воспостави и спојување на дневниот пазар. Особено важно е воведување обврски за Операторот на организиран пазар кои произлегуваат од Регулативата (ЕУ) бр. 2015/1222 за распределба на прекугранични преносни капацитети и управување со загушувањата, за кои се чека веќе подолго време. 

–  Кои други новини ги сметате за значајни, а се содржани во предлог Законот?

Во овој предлог Закон се воведени можностите за обезбедување услуги за зголемена флексибилност во електроенергетските системи, што е особено значајно за интеграцијата на производството на електрична енергија од обновливи извори. Истражувањата, а и европските искуства покажуваат дека покрај производните единици, потребната флексибилност може да се обезбеди и преку системи за складирање на електрична енергија, примена на програми за управување со оптоварувањето, агрегирање на потрошувачката за определени технички или комерцијални цели, што се овозможува со овој предлог Закон. Како истражувач, сметам дека е значајно да се овозможат овие концепти, а темпото на примена ќе зависи и од потребите на електроенергетскиот систем, како и од тоа во која мерка засегнатите страни ќе бидат запознаени со придобивките и предизвиците од примената на овие концепти. Покрај ова, воведени се одредби поврзани со поддршка на интеграцијата на електричните возила, особено за создавање услови за развивање и примена на станици за полнење на електрични возила, што е основна инфраструктура која треба да придонесе за зголемување на бројот на овие возила во транспортот. Воспоставување на енергетски заедници е исто така концепт кој се воведува со предлог Законот. Станува збор за заедници во кои членовите имаат можност меѓусебно да ја распределуваат произведената енергија од производни единици кои се дел од таа заедница, но и да учествуваат на пазарот на електрична енергија и да обезбедуваат услуги за операторите на системите.

–  Во развиените земји сѐ повеќе се работи на дигитализација во сите сектори, вклучувајќи го и енергетскиот. Дали предлог Законот содржи одредби кои би придонеле во овој процес?

Во предлог Законот се внесени и одредби за можност за примена на напредни мерни системи, што е всушност значаен чекор кон автоматизација и дигитализација на дел од процесите во системот. Примената на овие уреди е поврзана со инвестиции кои треба да се оправдани и во согласност со придобивките од нивната примена. Сепак, тие се и значајна алка во осовременувањето на електроенергетските системи и спаѓаат во технологии кои се предуслов за примена на концептите кои ги споменав претходно.

Извор: faktor.mk

Previous Post

Смилево станува центар на културата во земјава

Next Post

Владимир Путин: “Имаме доволно сила и ресурси за да не користиме нуклеарно оружје во Украина”

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Владимир Путин: “Имаме доволно сила и ресурси за да не користиме нуклеарно оружје во Украина”

Владимир Путин: "Имаме доволно сила и ресурси за да не користиме нуклеарно оружје во Украина"

Recommended

Научниците пронајдоа траги од живот надвор од планетата?

6 months ago

Димитриеска-Кочоска го потпиша Меморандумот за интеграција на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа

3 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.