ФБ статус на ХАЛК БАНКА:
Драги пензионери,
Пензиите се исплатени! Од денес 29.04.2025, вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на банкоматите и преку електронско и мобилно банкарство.
Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија.
Со почит,
Халкбанк АД Скопје
И Комерцијална Банка одлучи предпразнично да ги исплати пензиите.
ФБ статус на Комерцијална банка:
Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за април од среда, 30.04.2025 година. 📣
Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од 30.04.2025 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. ✅
Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.04.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот.






