На 28.04.2025 во 11.30 часот во СВР Тетово 27-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена за 2000 евра од страна на К.Ј., која и се преставила дека е ќерка на обвинителка и дека може и помогне за предмет во обвинителството. На 15.02.2025 година, таа и ги дала парите, но на 15.04.2025 добила одговор од обвинителството дека „иницијативата“ и е одбиена, по што сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...






