Во новата епизода на култната анимирана серија „Симпсонови“, насловена „Abe League of Their Moe“, премиерно се појавува лик од Македонија – млад бејзбол талент кој го освојува Спрингфилд.
Епизодата, емитувана денес, на 27 април на „Фокс“, претставува уникатен момент за македонската публика, особено затоа што во неа се вклучени и сестрите Невена и Калина Нешкоска, како и нивниот брат Наум – креаторите на „Дарко Биберко“. Тие беа дел од преводот, музичката изведба и културната автентичност на ликот, внесувајќи дел од Македонија директно во светот на „Симпсонови“.
![[ВИДЕО] Македонец стигна во Симпсонови](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/screenshot-2025-04-27-210250.png)





