Министерството за внатрешни работи ги објави меѓународните потерници по наркобосовите кои се осомничени во истрагата за предметот „Планина“. Највоздрасниот од нив има 42 години, а најмладиот, пак, има 20 години.
По наредба од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, кое се сомнева дека шетмината се избегани надвор од државата. Петмина од нив се од Грчец, а еден од Гази Баба. Дека се бараат со потерница, известен е и Интерпол.
По сите се трага поради сомневање дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.








