Почина папата Франциск – првиот латиноамерикански поглавар на Римокатоличката црква
Папата Франциск, поглаварот на Римокатоличката црква, утрово почина на 88-годишна возраст, по компликации од тешка билатерална бронхопневмонија, која во февруари доведе до негова хоспитализација.
Ватикан соопшти дека погребната церемонија ќе се одржи најдоцна за девет дена, а во рок од еден месец ќе биде свикана конклава за избор на нов папа, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Ѕвоната на базиликата Свети Петар одекнаа на плоштадот во Ватикан веднаш по објавата за смртта на Светиот Отец – првиот папа од Латинска Америка и еден од највлијателните духовни лидери на современиот свет.







