Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Имате висок крвен притисок? Јадете го ова, и крвниот притисок веднаш ќе се стабилизира

by
2025-04-19
in Uncategorized
Имате висок крвен притисок? Јадете го ова, и крвниот притисок веднаш ќе се стабилизира

Научниците предупредуваат: Зголемениот крвен притисок сè почесто резултат на модерниот начин на живот

Научниците алармираат на сè почестиот пораст на хипертензија во светот, поврзувајќи го со стареењето на популацијата и зголемената изложеност на фактори на ризик поврзани со начин на живот.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Истражувачки тим од Канада препорачува внесување на повеќе храна богата со калиум – како банани и брокула – како ефективна стратегија за контрола на високиот крвен притисок. Професорката Анита Лејтон од Универзитетот во Ватерлоу објаснува дека „додавањето храна со висок процент на калиум може да има посилен позитивен ефект врз притисокот отколку едноставното намалување на солта во исхраната“.

Бананата, која е една од најконсумираните плодови во светот заедно со доматот, се смета за идеален избор не само поради енергетската вредност туку и поради содржината на калиум – клучен минерал кој помага при регулирање на крвниот притисок.

Главната авторка на студијата, д-р Мелиса Штат, истакнува дека нашиот организам еволуирал со исхрана богата со калиум и сиромашна со натриум. „Нашите предци консумирале големи количества овошје и зеленчук, што значи дека нашите тела најдобро функционираат со таков тип на исхрана“, вели таа.

Од друга страна, современата западна исхрана е преполна со сол и сиромашна со калиум, што, според истражувачите, го објаснува фактот зошто хипертензијата е позастапена во индустријализираните земји отколку во изолирани заедници.

Ризиците од преработена и солена храна

Зголемената консумација на солена, преработена храна придонесе за експанзија на болестите на модерниот начин на живот – вклучително и дијабетес, срцеви болести и проблеми со бубрезите. Комбинирано со седечкиот начин на живот и се помалата физичка активност, овие навики водат кон сè поголема појава на високи вредности на крвниот притисок.

Денес, според проценките, околу 30 проценти од возрасната популација во светот живее со хипертензија. Со тоа, расте и бројот на случаи со мозочни удари и заболувања на бубрезите, предупредуваат научниците.

„Во последните неколку години, забележуваме драматичен раст на хипертензија на глобално ниво“, се вели во извештајот. Научниците го поврзуваат овој тренд со стареењето на светската популација, намалената физичка активност и доминацијата на западниот начин на исхрана.

Previous Post

Неколку работи кои никако не смеете да ги пиете пред тренинг или вежбање

Next Post

Доколку ги правите овие работи, никогаш нема да станете богати: Целиот живот ќе го поминете во беда

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post
Доколку ги правите овие работи, никогаш нема да станете богати: Целиот живот ќе го поминете во беда

Доколку ги правите овие работи, никогаш нема да станете богати: Целиот живот ќе го поминете во беда

Recommended

evn

Делови од повеќе скопски општини утре без струја

8 months ago

Меџити и Зејнула: Заедничка визија за интеграција и застапеност на турската заедница

6 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.