Експертите од Институтот за проучување на војната (ИСВ) предупредуваат дека Русија не може да ги надомести сегашните човечки загуби во Украина, ниту финансиски да ја издржи војната на долг рок.
Според проценките, Русија губи меѓу 30.000 и 45.000 војници месечно – убиени или ранети – и троши значителни средства од својот суверен фонд за да исплаќа плати и бонуси за нови регрути. Со ова темпо, Москва би можела да има средства за уште најмногу 12 до 16 месеци борби.
„Системот за регрутација почнува да попушта, а Русија нема бесконечен човечки и економски ресурс“, изјави Џорџ Барос од ИСВ. Во некои региони, како Самара, се нудат бонуси до 40.000 долари за нови борци – што укажува на сè помала подготвеност на граѓаните да се приклучат.
Дополнително, Русија се потпира и на странски борци – меѓу нив и до 12.000 од Северна Кореја – но овие бројки не се доволни да ги покријат руските загуби, кои во моментов надминуваат 1.200 жртви дневно.
ИСВ заклучува дека економскиот притисок врз Русија е шанса за САД да продолжат со воена поддршка за Украина и да ја искористат кризата за дипломатски притисок врз Москва, пред Русија целосно да изгуби капацитет за војување.






