Трамп најави скорешна одлука за Иран по разговорите во Оман
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека наскоро очекува да донесе одлука во врска со Иран, по одржаните разговори меѓу претставници на Вашингтон и Техеран во Оман.
„Се сретнав со советниците за Иран. Очекувам многу скоро да донесеме одлука,“ изјави Трамп пред новинарите за време на летот со претседателскиот авион, пренесе „Ројтерс“.
Разговорите меѓу двете земји, фокусирани на иранската нуклеарна програма, беа оценети како позитивни и конструктивни. Иако Трамп не сакаше да навлегува во детали, нагласи дека преговорите се движат во добра насока.
Според порталот „Аксос“, кој се повикува на извори запознаени со процесот, следната рунда разговори е закажана за наредната сабота во Рим.
САД бараат Иран да се откаже од развојот на нуклеарна програма, додека од Техеран повторуваат дека нивните активности се исклучиво од мирнодопски карактер.






