ВНИМАНИЕ!!! На ден 10.10.2020 (сабота) шетајќи со бебето по патеката за пешаци од страна на булеварот Партизански Одреди, каде што е обележано со црвено, ме удри некој од кулата со кромид. Ме удри по грб и кромидот се подели на два дела. Среќа што удри во мене, да го држев детето во раце ќе беше фатално. Дете од неколку месеци да го удри некој од таа висина, вистина е фатално. Патем ова не е прв пат, често од таму летаат тегли ајвар, цвекло, јајца, ѓубре и све што може да замислите. Кога и да поминете таму ќе забележите искршени тегли и еден куп ѓубре. Секако веднаш пријавив во полиција, меѓутоа ми рекоа дека тоа не е во нивна надлежност и дека нивна работа не е да одат од стан на стан за да го најдат тој/таа. Целта на овој пост е да се сподели, зошто верувам дека сите имате свои сакани кои секојденевно поминуваат на главниот булевар пешки или со велосипед.Петре ШилеговСтефан БогоевГрад СкопјеОпштина КарпошМинистерство за внатрешни работиМожеби некои од горенаведените, ќе помогнат нешто во врска со овој случај, кога веќе полицијата тврди дека тоа не е во нивна надлежност!!!
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...







