Село Ложани од струшкиот регион оваа година се истакна со несекојдневен велигденски подвиг – изработено е најголемото велигденско јајце во земјава. Ова импозантно велигденско јајце е украсено во традиционални бои и мотиви.

Локалните жители велат дека оваа иницијатива има за цел не само да го одбележи Воскресението Христово на уникатен начин, туку и да го поттикне заедништвото и духот на празникот.

![[ФОТО] Најголемото велигденско јајце направено во село Ложани, струшко](https://bulevar.com.mk/wp-content/uploads/2025/04/whatsapp-image-2025-04-13-at-11.48.14_0170b61f.jpg)





