Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, при посетата на Тетово најави дека овој град ќе биде втор по Скопје каде што ќе се имплементира новиот оперативен план за внатрешна распределба на полициските службеници.
„Веќе започнавме во Скопје, а следниот град каде ќе го примениме оперативниот план со внатрешна распределба во рамки на постоечката мобилност ќе биде Тетово. Времето ќе покаже, а за две недели ќе видите значителна разлика во присуството на полицијата на терен“, изјави Тошковски.
Тој нагласи дека е неопходно полицајците да бидат видливи на улиците за да се гарантира безбедноста на граѓаните. Министерството, според него, ќе преземе мерки за подобра организација и активирање на сите вработени во системот.






