Saturday, December 6, 2025
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Скопје
  • Свет
  • Црна Хроника
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result

Здруженијата на децата бегалци бараат нивниот осквернавен споменик да се врати во првобитната состојба

by
2025-04-12
in Uncategorized

По вандалскиот чин со кражбата на бакарот на споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје, Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и од премиерот Христијан Мицкоски бараат виновниците на овој чин да се пронајдат, а споменикот да се обнови.

На 9 април беше украден рељефот од бакар, мотив на мајка со три деца, прицврстен на постаментот, откорнати се бронзените букви од натписот „Татковината копнеж на прогонетите“ и украдени се околу 10 метри метални цевки поставени во фонтаната која е дел од споменикот. Оштетени се и неколку мермерни плочи поставени околу споменикот.

RelatedPosts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

Споменикот е симбол на голготата на Македонците протерани од родните огништа за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година.

Споменикот е дело на некогашните деца бегалци Насо Беќаровски кој е автор на бронзата „Мајка со три деца“, а Даница Павловска – Циги е архитектот на споменикот, кој беше отворен на 30 јуни 1988 година кога се одржа Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

Инаку, за споменикот во паркот Жена борец во центарот на Скопје не се гижи ниту една институција, освен Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија.

„Овој вандалозен чин погоди право во срцето на сите Македонци по потекло од Егејскиот дел на Македонија“, велат од здружението.

За архитектката ДаницаПавловска – Циги  ова е вандалски и криминален чин, но „најстрашно е што речиси  никој не реагира, а регуларно е пријавено во полиција. Убива таа рамнодушност! Спомен-белегот е композиција на монолит потопен во вода која од предната страна претставува мирно огледало, а од задната клокоти симболизирајќи живот. Во водата се огледува рељеф кој претставува мајка страдалник со своите три деца, тргнати во непознат правец и разделени од своето огниште и најмилите, а всушност е реплика на еден инспиративен фото запис во уметничко дело на скулпторот Насо Беќаровски. Подоцна е додаден на задната страна на монолитот амблем и текст по избор на Здружението на децата бегалци од Егејска Македонија“, напиша Павловска.

Таа потврди дека за ова меморијално дело не е одреден субјект кој ќе се грижи за него. ЈП „Паркови и зеленило“ на Град Скопје ја негува само цветната бордура на спомен-белегот затоа што целиот парк Жена борец е негова редовна програмска задача.

„Спротивно на знаењето не е незнаењето, туку рамнодушноста. Спротивно на убавината не е грдотијата, туку рамнодушноста! Спротивно на креативноста не е медиокритетот, туку рамнодушноста! Спротивно на животот не е смртта, туку рамнодушноста!“, реагира Павловска.

Реагираше и здружението „Мирка Гинова“ од Штип, нарекувајќи го вандалскиот чин „насилство врз судбината на децата-бегалци и нашата колективна меморија“.

„На кого му пречи споменикот на децата бегалци? На кого му пречи споменот за 28.000 украдени детски животи? На кого му смета вистината за децата од Граѓанската војна во Грција, македонски деца, насилно одделени од своите мајки и татковци, без право на враќање, без право на сеќавање? Споменикот на децата бегалци не е само камен, тој е сведоштво за неправдата што никако не смееме да ја заборавиме. Секој вандалски чин кон овој споменик е обид да се избрише историјата, да се замолчи болката и да се ревидира вистината. Ова не е само уништување на спомен-обележје, ова е насилство врз нивната судбина, како и врз нашата колективна меморија. Бараме одговорност, бараме почит, бараме достоинство за децата кои никогаш не добија втора шанса“, велат од здружението.

Previous Post

Преку четири часа траеја разговорите на Путин и пратеникот на Трамп

Next Post

Македонска еуфорија во Мелбурн: Спасен Силјановски ја крена дијаспората на нозе

Related Posts

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

by admin
2025-12-02
0

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...

Магистралниот пат Струмица – Ново Село привремено затворен по сообраќајка

2025-11-09
0

Сообраќајот на магистралниот пат А4, од Струмица кон Ново Село, е целосно прекинат поради сообраќајна несреќа. „Од 14:10 часот сообраќајот...

(ВИДЕО) Чистењето на Скопје во полн ек – Ѓорѓиевски апелира: Да го чуваме Скопје чисто и без отпад

2025-11-09
0

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оцени дека акцијата за чистење на градот „72 часа“ се одвива успешно. Во активностите се...

Драган Даутовски меѓу новите членови на МАНУ – 14 истакнати личности избрани во академијата

2025-11-09
0

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) го одржа своето 21. Изборно собрание на кое се избрани 14 нови членови....

Next Post

Македонска еуфорија во Мелбурн: Спасен Силјановски ја крена дијаспората на нозе

Recommended

Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

Стојаноска: По изгласани интерпелации, поднесување оставка на членовите на Судски совет е нормален и морален чин

9 months ago

Тешка сообраќајка во Црна Гора: Министерката Кордиќ тешко повредена во судир со три возила

2 months ago

Popular News

  • 2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Lady Gaga Pulled Off One of the Best Halftime Shows Ever

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Watch Justin Timberlake’s ‘Cry Me a River’ Come to Life in Mesmerizing Dance

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • New York Newest Vegan Spot: No Shade From Us, Shady Shack Is On Point

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Obama Wants To Visit Ubud On Low-key Bali Vacation: Bali Official

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

Connect with us

bulevar.mk

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.

  • Црна Хроника
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Македонија
  • Магазин
  • Скопје
  • Технологија
  • Свет
  • Спорт

Следете нѐ

No Result
View All Result
  • Home
  • Република
  • Свет
  • Економија
  • Магазин
  • Балкан
  • Македонија
  • Скопје
  • Спорт
  • Црна Хроника
  • Технологија

© 2025 Булевар.мк Сите права се задржани.