Крлежите најчесто се наоѓаат на лисјата и гранките на ниските грмушки (до висина од еден метар), покрај патеки, но и во градините и ливадите што често ги посетуваме.
Треба да се има на ум дека при секој престој во природа треба да носите долги панталони, маица или кошула со долги ракави и затворени обувки.
Редовно косете ја тревата и украсните грмушки, особено рабовите на тревниците, каде што најчесто се наоѓаат крлежите. Исчистете ги паднатите лисја и покосената трева и фрлете ги во ѓубре или на куп за компост. Ако сметате дека е потребно, користете хемиски препарати на рабовите на дворот.
Крлежите не ги сакаат дрвото и каменот, па можете да ги користите овие материјали како подлога под местата за седење во градината. Местото за седење треба да биде на сончево и суво место во дворот, а не постојано во сенка, бидејќи крлежите ги сакаат влажните и темни места. Исто така, не поставувајте лежалки веднаш покрај грмушки или ѕидови покриени со зеленило.
Ако сте блиску до шума или ако вашето дворно место е во близина на шумска област, на рабовите на дворот направете „граница“ од дрвен струх, песок или кршен камен.
Крлежите ретко се наоѓаат на места каде расте лаванда па можете да го оградите местото за седење во градината со ова растение.
Внимавајте на домашните миленичиња кои се валкаат по тревата и трчкаат по градината. Обавезно проверете ги нивните влакна пред да влезат во куќата и отстранете ги крлежите што ќе ги забележите.







