Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска го поздрави најавениот прекин на примена на реципрочни царини од страна на претседателот на САД, Доналд Трамп.
“Јасни и предвидливи услови се клучни за функционирање на трговијата и синџирите на снабдување”, напиша Фон дер Лајен на социјалната мрежа Икс.
Таа додаде дека царините се даноци кои само ги штетат компаниите и потрошувачите.
“Затоа, јас постојано се залагам за договор за царини ‘нула на нула’ помеѓу Европската Унија и САД”, истакна таа.
Трамп вчера најави целосен прекин на сите одмазднички царини кои претходно стапиле на сила на полноќ, со исклучок на Кина, на која царините ќе се зголемат од 104 на 125 проценти.







