Кина го лимитира извозот на важните минерали, посебно на еден минерал без кој не можете да произведете ниту еден авион – воен или цивилен, ниту еден проектил, ниту едно електрично возило.
Кина не го забранила директно извозот на овие ретки материјали, но вовела извозни лиценци. На тој начин, Пекинг решава каде ќе одат минералите, колку брзо, во кои количини и кај кој политички подобен купувач.
Додека светот го насочува вниманието на трговските напнатости и царинските конфликти, Кина тивко ги изостави од синџирот на снабдување неколку минерали со имиња кои тешко ги изговараме, а без кои САД не можат да произведат ниту еден авион – воен или цивилен, ниту еден проектил, ниту едно електрично возило. Дали сте чуле за диспрозиум? Ако не сте хемичар, веројатно не сте стигнале до бројот 66 во периодниот систем, каде што се наоѓа овој елемент. Името потекнува од грчкиот збор „dysprositos“, што значи „тешко достапен“, и тоа совршено ја опишува ситуацијата со минералите за кои ќе зборуваме.

Да почнеме со диспрозиумот. Ако електричниот мотор треба да издржи високи температури – а повеќето мораат – потребни се неодимиумски магнети збогатени со диспрозиум. Без него нема стабилност на висока температура, а без таа стабилност не работат моторите во борбените авионите како F-35, ниту во електричните возила како Ford Mustang. Кина го држи клучот за целиот диспрозиум на светот, а САД немаат некој таен рудник во Вајоминг или Квебек кој би можел да го замени, пишува порталот Cleantechnica. Ова е само еден од клучните минерали, како што наведува Cleantechnica.
Понатаму, тука е волфрамот – метал кој им дава на куршумите сила да пробијат нешто поцврсто од сладолед. САД не го произведуваат уште од времето на Барак Обама, додека Кина контролира 80% од светското производство. Можете да се обидете да нарачате од Виетнам или Португалија, но ќе чекате години и ќе платите многу повеќе. Волфрамот не е само во муницијата – тој се наоѓа во чипови, ЦНЦ машини и легури за млазни мотори, но и опрема за бушење.






