Додека во Србија од вчера пристигнаа вакцини, во Македонија се уште не се знае кога ќе стигнат и колку, од Бугарија или од другите механизми, како донација, како помош или како купени со наши пари.
И портпаролот на Владата, Димче Арсовски, на денешната прес конференција не даде деталји околу прашањето што ја запали јавноста, особено откако Бугарија прва истрча да ни вети помош.
-Македонија не чека само на донации туку навреме ги направи сите потребни чекори и процедури, алоцираше сретства и почна директни преовори. Се користат сите инструменти, вклучувајќи го и Ковакс механизмот,кој беше прв на располагање. Веќе се обезбедени 833. 000 вакцини и согласно планот вакцините се очекуваат во првите месеци на 2021 година, рече Арсовски.
На забелешката зошто дури сега се прави измена на Законот за јавни набавки за да се набават директно вакцини, тој тврдеше дека навреме се почнати сите процедури, дека покрај обезбедените над 800.000 вакцини, во тек се и директни преговори и предвиден е и трет механизам за обезбедување вакцини преку ЕУ со 100 милиони дози за земјите надвор од Унијата, за кои дополнително аплицира земјата. Дел од првата пратка за Грција, според него, ќе биде наменет за нашите граѓани, а прецизен одговор кога најави за идната недела. Според него, тоа е прашање што допрва ќе биде одговорено, а планот е дел од пратката што ќе стигне во Бугарија да и биде донирана на Македонија.
2.800 минувања на црвено за само 12 часа од стартот на „Безбеден град“
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети објектот каде што е сместен централниот систем „Безбеден град“ (Safe City),...




