Претседателот на партијата Шас, Арије Дери, изјави денес дека Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници, дури и ако тоа значи дека ќе треба да плати „висока цена“.
Меѓутоа, како што наведе, тоа ќе се случи само ако Хамас се согласи на „целосна демилитаризација на Газа, прогон на сите високи официјални лица и команданти на Хамас и формирање нова влада која ќе биде претходно договорена“, пишува „Тајмс оф Израел“.
Дери додаде дека Хамас ги одбил тие услови.
„Веќе повеќе од еден месец воведовме комплетна забрана за помош во Газа и немаме намера да ја обновиме“, рече Дери и додаде дека „ништо не влегува во Појасот Газа“.
Кога јавноста ќе почне да го чувствува притисокот поради недостигот на ресурси, „Хамас ќе биде принуден да се соочи со болното и фрустрирано население, кое многу добро ќе разбере кој е одговорен за нивната ситуација“, изјави Дери.






